Доказ, колку го обожуваат: Филипче го цитира Црвенковски во одговор на неговата предизборна ШЛАКАНИЦА до Венко…

-Јас можам само да го цитирам поранешниот председател со неговата позната изјава „Или си СДСМ или не си“. Ова го изјави Венко Филипче на Бихаќка.

Дури и кога тој им удира шлаканици и дава јасна поддршка на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ поради антинационалната и антимакедонска забеганост на до вчера неговата СДСМ, оние кои тој ги шиканира му одговараат со негови реченици. Очигледно, Црвенковски е се уште недостижниот лидер кој во партијата силно го обожуваат и чии зборови и цели реченици се патоказот и словото со кое партијците и ден-денес се будат и си легнуваат.

Кога некој те шиканира, а ти му враќаш со негова сентенца, само кажува колку многу ги здоболела поддршката на Максим Димитриевски и коалицијата Твоја Македонија, толкуваат познавачите. Крајна подреденост и идолатрија кон ликот и делото на „Папата“ од Бихаќка.

Овој субмисивен потег на Филипче се толкува само као уште една потврда на болката која Бранко му ја нанесе на Венко со фотографиите од една вечера во рестран во Охрид со актуелниот градоначалник Пецаков кој е од редовите на ВМРО ДПМНЕ а на масата се и пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Саше Донев и газдата на фирмата Пупе компани, а на другата е со носителката на советничката листа на ЗНАМ за Охрид, Марина Горговска .


Инаку, околу ИЛИ СИ СДСМ, ИЛИ НЕ СИ, Филипче беше советник на Никола Тодоров, во владата на Груевски…

Новото мото на сегашното раководство на СДС е ИЛИ СИ СО ЗАЕВ, ИЛИ НЕ СИ