Дојава за бомба во Сити мол

На електронската адреса на Министерството за внатрешни работи денеска е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје се поставени експлозивни направи.

-Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри, велат од МВР.


Трговскиот центар е евакуиран.

Повеќе детали се очекуваат подоцна.