Дневен хороскоп за среда, 22-ри октомври 2025 година!

Овен (21. 3 – 20. 4)

Враќањето на Нептун во Риби, знак со кој оваа планета владее, ја поттикнува вашата креативност и носи успех на уметниците. Можно е да имате семејни проблеми и расправии со партнерот околу финансии. Постојат и склоности кон повреди, несоница и интроспекција.

Бик (21. 4 – 21. 5)

Враќањето на Нептун во 11-тата куќа ве враќа кон некој стар план, идеја или пријателство. Акцентираната седма куќа носи тензии со саканата личност, но и можни скандали во јавноста. Присутни се чувство на напнатост и внатрешна нервоза.

Близнаци (22. 5 – 21. 6)

Ретроградниот Нептун во десеттата куќа, која ја владее, ви носи големи можности во кариерата – завршување факултет, докторски студии, специјализација, стручно усовршување, правни постапки, наследства или поделба на брачна имотна заедница.

Рак (22. 6 – 22. 7)

Враќањето на Нептун во деветтата куќа ви носи успех на прекуокеански патувања или студии. Можно е да ја смените професијата, а приватниците може да се соочат со финансиски потешкотии и проблеми со документација. Тензии со партнерот и домашните.

Лав (23. 7 – 22. 8)

Ретроградниот Нептун се враќа во вашата куќа на парите – избегнувајте непотребни трошоци. Внимавајте да не бидете измамени околу наследство, алиментација, стипендија или кредити кои подоцна нема да можете да ги враќате.

Девица (23. 8 – 22. 9)

Враќањето на Нептун во седмата куќа ви носи нови, креативни идеи, јавни признанија и награди за уметници, актери, пејачи, музичари, сликари, композитори, но и за фармацевти и лекари. Можно е да го промените начинот на исхрана.


Вага (23. 9 – 22. 10)

На 22 октомври Нептун се враќа во шестата куќа, а вие кон стара деловна идеја, план или соработка со поранешни колеги и шефови. Внимавајте на хронични здравствени проблеми – циркулација и отоци. Потребно е повеќе движење и прошетки.

Скорпија (23. 10 – 22. 11)

Враќањето на Нептун во петтата куќа повторно ги активира темите поврзани со љубовниот живот, децата и приватниот бизнис. Ја поттикнува вашата креативност и носи успех особено на уметниците, писателите и музичарите.

Стрелец (23. 11 – 21. 12)

Вашиот владетел Нептун се враќа во четвртата куќа, откривајќи семејни тајни кои може да ве изненадат. Може да имате чувство дека блиските или семејството работат против вас. Бидете внимателни во сообраќајот.

Јарец (22. 12 – 20. 1)

Ретроградното движење на Нептун преку третата куќа ја нагласува вашата интуиција и потребата за ревизија на деловни договори. Можно е обновување на односи со браќа, сестри, роднини или соседи. Донесувате важна одлука за стручно усовршување или долго одложено патување.

Водолија (21. 1 – 19. 2)

Враќањето на Нептун во втората куќа ги активира старите финансиски проблеми – отплата на кредити и стари долгови. Со оглед дека Нептун е во конјункција со Сатурн, можно е конечно да реализирате стар план поврзан со недвижности.

Риби (20. 2 – 20. 3)

Ретроградниот Нептун се враќа во вашата прва куќа и го поттикнува вашиот перфекционизам и потребата за дисциплина. Ви носи можности за голем професионален напредок, успех во високо образование, странство или во правни прашања.