Десетмина убиени во израелски напади врз јужен Либан

Најмалку десет лица денеска се убиени, а повеќе се ранети во најновите израелски воздушни напади врз неколку населби во јужен Либан.

Израелските сили издадоа нови предупредувања за евакуација до жителите на пет населби во областите Набатија и Западна Бека, наредувајќи им веднаш да ги напуштат своите домови и да преминат северно од реката Захрани.


Израелски воени авиони извршија 15 напади врз неколку градови и села низ јужен Либан со интензивен артилериски оган.