Лесно се прават.
Состојки:
2 јајца
120 гр шеќер
арома на ванила
120 мл масло
150 мл јогурт
250 гр брашно
2 лажици какао во прав
1 кесичка прашок за пециво
чоколадни чипови
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот и арома на ванила. Кога убаво ќе се измеша се прелива со маслото и повторно се меша со миксер. Додадете јогурт и повторете ја постапката. На крај додадете го брашното со прашокот за пециво и какаото.
Истурете ја смесата во модли или калапи за мафини, посипете со чоколадни трошки и печете на 180 степени 15-20 минути.