Собранието го донесе новиот Закон за Советот на јавните обвинители✅️
Без поддршка од опозицијата, Собранието го донесе новиот Закон за Советот на јавните обвинители со 6️⃣4️⃣ гласа „за“ и 1️⃣5️⃣ „против“.
✅️Со овој закон се прави значаен чекор кон зајакнување на владеењето на правото, унапредување на самостојноста и професионалноста на јавното обвинителство и усогласување со европските стандарди и препораки.
🗣Законот е резултат на широк и транспарентен процес што започна во ноември 2024 година, со учество на експерти, јавни обвинители, претставници на институции, академската заедница и граѓанскиот сектор, како и со активно следење од страна на Европската Унија, ОБСЕ и Амбасадата на САД.
➡️Новите законски решенија предвидуваат:
• јасни и транспарентни критериуми за избор на членови на Советот,
• целосно и аргументирано образложување на одлуките,
• зацврстување на мерит-системот,
• поголема транспарентност преку јавни седници, објавување на одлуки и директни преноси,
• јасна двостепена дисциплинска постапка и гарантирана судска заштита,
• прецизно уредени постапки за разрешување и зајакната улога на Советот во изборот и разрешувањето на Јавниот обвинител.
✅️Позитивното мислење од Венецијанската комисија и вградените препораки дополнително ја потврдуваат реформската насока и посветеноста кон европските вредности🇪🇺.
✅️Продолжуваме со конкретни реформи за поефикасен, потранспарентен и подоверлив правосуден систем








