ДЕНЕШНИ НАТПРЕВАРИ НА ЕУРО 2024: Франција и Белгија играат во Дизелдорф, Португалија против Словенија вечер во Франкфурт

Фудбалските ентузијасти денеска ќе уживаат во два возбудливи меча од осминафиналната фаза од натпреварувањето на ЕУРО 2024.


На Дизелдорф Арената во 18:00 часот ќе се соочат репрезентациите на Франција и Белгија.

Вечер во 21:00 часот на арената во Франкфурт ќе ги одмерат силите репрезентациите на Португалија и Словенија.