Делегирани судиите за завршниот Ф4-турнир во Купот во Струмица

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги одреди службените лица за завршниот Ф4-турнир во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција кој ќе се игра во Струмица.

Во полуфиналето кај мажите играат ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер, овој меч ќе го судат браќата Илиевски. Во второто полуфинале се среќаваат Алкалоид и Вардар, а таму ќе судат Металари и Николовски. Финалето го добија Митревски и Тодоровски.


Кај дамите во полуфиналето играат Пелистер и Ѓорче Петров, таму ќе судат Стефаноски и Глигороска, во вториот меч на Спартак и Чаир ќе судат Шуковски и Илиевски. Финалето го добија Јашар и Прентоска.

Полуфиналињата кај мажите се играат на 17 април, додека кај дамите полуфиналињата се на 18 април. Мечевите се играат од 17:00 и 20:00 часот. Финалињата се закажани на 19 април во салата „Парк“.