Дани Алвеш фатен во лага: Безбедносните камери откриваат нови детали за односот со девојката

Шпанските медиуми во изминатите три дена сериозно се занимаваат со скандалот кој избувна на самиот старт на 2023-та година, откако Судот во Барселона процени дека најсигурно е Дани Алвеш да биде испратен во притвор.

Искусниот десен бек имал сомнителна епизода со непозната девојка на 30-ти декември минатата година во еден познат клуб во Барселона, па откако дал три различни изјави и верзии за споменатиот инцидент, судијата донел одлука да го испрати во притвор, без право да излезе со кауција.

Алвеш најпрво истакнал дека воопшто не ја познава девојката, потоа се поправил и нагласил дека се запознале во клубот, а третата верзија е дека несакајќи и во играње ја допирал на интимни делови од телото.


Овие три верзии на фудбалерот пропаднале во вода и бил фатен во лага поради безбедносните камери од клубот Сатон, бидејќи снимките откриваат дека минал 15 минути во тоалетот со споменатата девојка.

Неименуваната 23-годишната Шпанка го осуди Бразилецот дека извршил сексуален напад споменатата вечер, а за возврат не бара финансиска отштета, туку одлежување на затворска казна за насилничкиот чин.