Циципас ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас утрово го совлада Австралиецот Алекс Де Минаура со 6:3, 6:4 во финалето на турнирот во Лос Кабос.

Дваесет и четиригодишниот Грк дојде до трофеј во Мексико и со тоа ја прекина серијата од пет порази во финалето на АТП турнирите.