Чии интереси штити актуелниот Премиер на РМ

Автор: БУРЛИЈОВСКИ ПЕТКО – Претседател на невладината организација “ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола”.

Неодамана актуелниот македонски премиер ако може така да се нарече во средствата за јавно информирање излезе со изјава која е неразбирлива, а најмалку и логична. Имено, кажа да доколку политичарите го слушаат народот немало да се потпише Рамковниот охридски договор, Договорот со Грција со кој на РМ му го сменаа името, а ако тоа не се случило немало РМ да влезе во НАТО, потоа и ако бил свесен да 80 % од македонците се против вметнување на ново измисленото бугарско малцинство во преамбулата на македонскиот Устав, тоа морало да се направи и сл. Ваквата изјава е збунувачка, непристојна и е против сите стандарди за политичките преставници на народот. Но ако подлабоко се размисли и се проанализираат неговите постапки од доаѓањето на премиерско место па досега очигледно ќе се извлечи заклучок да тој перманентно работи против интересите на македонскиот народ. Најпрво ја подели македонската влада на два дела на албанска и мекедонска (9 министри Албанци, 9 министри Македонци) иако мнозиски народ во РМ се македонците и во македонскиот парламент 30-тина се албански пратеници, а 90-тина Македонци. И не само што ја подели владата туку и значајните министерства му ги остапи на албанците а за македонците ги задржа незначајните како министерство зе екологија, култура, одбрана и сл. Дозволи министер на МНР да биде Албанец кои не само што не ги штити македонските национални интереси туку и работи против нив, работи за косовските интереси (не присуствува на меѓународни состаноци каде не биле поканети преставници од Косово, ги бодри, потпомага ново измислените Бугари во РМ да се организираат во клубови со фашистички имиња, а за возврат му одмогнува на Македонското малцинство во Бугарија со наводно сомнителното финансирање на македонскиот клуб во Благоевград и сл.) Премиерот ги штити и се става во одбрна на министрите албанци кои во канцеларијата на измисленото место прв вице премиер играат фудбал и кошарка во државна канцеларија финансирана од граѓаните, потоа ке се поставел за премиер албанец со леснотија како да поставува председател на месна заедница. Тој дозволи да малцинска заедница управува со мнозискиот Македонски народ (македонската држава 1944 год. е создадена од Македонците од кои впатем загинаа во НОБ 40000 Македонци и по некој од другите националности, албанците беа на страната на фашистичка Италија и Германија). Тоа е вероватно копирано од Ирак каде Садам Хусеин владеше како преставник на малцинска заедница. Премиерот дозволи да неговата сопруга се занимава со бизнис на струја, гас и др, такво нешто нема во нити една демократска западна држава. Насилно сака да во преамбулата на македонскиот Устав го вметне измисленото бугарско малцинство во РМ, а не бара од Бугарија реципрочно да ги признае 16-те пресуди донесени од Судот за човекови права во Стразбург за правата на македонското малцинство таму. Според предходното се добива впечаток да актуелниот премиер не работи за интересите на мнозискиот Македонски народ. Но истовремено зачудува фактот што по таквата негова изјава да немало потреба политичарите да го слушаат народот и да владата насилно ќе носела одлуки спротивно на волјата и желбите на Македонскиот народ и сл. не реагираа политичките партии, медиумите и воопшто македонската интелегенција. Премиер на западна држава доколку би дал таква изјава спротивно на интересите на народот веднаш би бил сменат. Накрај се поставува прашање чии интереси штити премирот, чии преставник е и од кого е платен.

15.03.2023 год.
Битола