ЧЕСТИТКА ОД МИЦКОСКИ ДО ЦДУ: Европа бара промени, заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка до ЦДУ по повод денешната изборна победа.

-Честитки за значајната победа на ЦДУ на изборите.

Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.


Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени, пишува Мицкоски во својата објава на Фејсбук.