👁️  103

Русите ќе се вратат на фудбалот само кога ќе заврши војната во Украина, изјави претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин на прашањето кога Русите ќе се вратат во европскиот фудбал.

И покрај војната во Украина, Русите повторно учествуваат на натпревари во различни спортови, но УЕФА е децидна за агресијата кон Украина. Чеферин од првиот момент е цврсто дециден дека војната во Украина е неприфатлива, а минатата година само неколку денови по инвазијата, УЕФА ја прекина соработката со долгорочниот спонзор рускиот енергетски гигант „Газпром“.

„Тоа едноставно мораше да се направи како некој вид симболичен чин. Тешко е по почетокот на војната за стадионот, каде што стотици милиони луѓе ги гледаат натпреварите, да се даде реклама за оваа компанија. Жал ми е што е така, но моравме да го направиме тоа. Но, исто така, факт е дека по ова прашање најмногу плачат оние кои сè уште купуваат гас од истата компанија“, вели Чеферин во интервју за регионалната N1.

Но, тој го отфрли предлогот дека УЕФА требало да размисли за подобноста на спонзорите уште пред војната.

„Ова ми се чини дека е чист популизам. Европа не е баш светски шампион во човекови права. А популистите, кои се полни со луѓе со кои не треба да прават бизнис, тоа го прават исклучиво за себепромоција. Ние му даваме на фудбалот 97 проценти од парите што ги заработуваме, а јас ќе направам сѐ за овој спорт понатаму се развива“, изјави Словенецот на чело на една од најсилните светски спортски асоцијации.

Во врска со неодамнешната афера „бакнување“ во Шпанија, Чеферин уште еднаш нагласи дека на женскиот фудбал му е потребен кодекс на однесување кој јасно ќе ги постави границите на она што е прифатливо и ќе ги одреди последиците кога ќе се помине границата.

„Она што го направи Рубиалес беше несоодветно и непромислено. Но, кога прочитав дека тоа е кривично дело… Како адокат кривичар, изгледа сосема нелогично. Ја доведовте оваа приказна на ова ниво преку медиумите“, дадава челникот на УЕФА.

Одливот на ѕвезди од европските клубови во Саудиска Арабија беше една од најактуелните теми во преодниот рок.

„Мислам дека оваа приказна ќе трае релативно кратко. Веќе неколкупати кажав дека, според мене, ова е погрешен пристап кон развојот на фудбалот. Фудбалот не се развива со доведување фудбалери кои практично ја завршиле кариерата во Европа. Кина го направи истото пред многу години, но нивната репрезентација сепак не успеа да се пласира на Светското првенство“, објаснува Чеферин.