Буфон на 45 години доби понуда вредна 15 милиони евра

Сегашниот голман на Парма, легендарниот Џанлуиџи Буфон доби понуда од 15 милиони евра за едногодишен договор од клуб од Саудиска Арабија.

Италијанските медиуми објавија дека Буфон во наредните неколку денови би требало да донесе одлука за иднината на кариерата.

Во текот на вчерашниот ден познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека Буфон размислува за крај на кариерата.