

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер обезбеди големо засилување за новата сезона и значително го подигна квалитативното ниво на својот ростер. Нов член на битолскиот клуб е Мохамед Суси, лев бек на туниската репрезентација и поранешен европски првак со Монпелје.
Трансферот треба да биде официјализиран утре штом ракометарот ќе ги мине задолжителните медицински тестови. „Бомбардерот“ Суси доаѓа во македонската Суперлига од Трембле, клуб во кој пред неколку недели од Битола замина Јосип Божиќ Павлетиќ.
„РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси.
До официјализација на трансферот недостигаат само медицинските прегледи кои ракометарот ќе ги реализира утре по пристигнувањето во Македонија.Клубот во текот на утрешниот ден ќе ги обелодени деталите од соработката со новиот свој член“, се вели во клупското соопштение.