Телеграм каналот SVR General SVR кој е против политиките на Владимир Путин објави дека неколку лица од тимот за заштита на Путин исчезнале по, како што велат, „бомбашкиот напад“ врз официјалната лимузина на рускиот лидер.
Автомобилот на Владимир Путин наводно бил „нападнат“ во можен обид за атентат, сугерираат непотврдени извештаи.
Се слушна „силен удар“ од официјалната лимузина на рускиот лидер додека силен чад излегуваше од близината на неговото лево предно тркало, според локалните извештаи.
Автомобилот тргнал на безбедно со Путин неповреден, но имало повеќе апсења од неговата служба за безбедност – додека некои од телохранителите на Путин наводно исчезнале – поради тврдењата дека тајните информации за движењата на 69-годишниот владетел биле компромитирани, се вели во телеграм каналот на Генерал СВР .