Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чучер Сандево, Зоран Бојковски се обрати пред присутните на Кучевишка Бара, продолжувајќи ги серијата посети во рамки на втор круг Локални избори 2025 закажани за 2 ноември.
-Чест ми е што првпат се обраќам пред Кучевачка Бара, населено место кое повеќе години припаѓа во Чичер Сандево, гласачки беше оделено во Бутел и мислам дека е нанесена голема неправда од 2005 година со територијалната поделба.
Тој додаде дека сега има историска шанса да се исправ таа грешка.
-Да може конечно жителите на Кучевишка Бара, Бел Камен и Расадник да ги добијат основните средства за живот бидејќи 20 години беа заборавени од градоначалниците на Чучер Сандево и не можеше да се направи ништо, рече Бојковски и додаде:
„Заедно со Владата и Градот Скопје и со општина Бутел да ја направиме општината поубаво место за живеење и достојно место за живеење“.