Бојковска: Градот Скопје не ги извршува надлежностите коишто ги има, извршен е инспекциски надзор над Комунална хигиена

„Погубно е главниот град да биде, буквално може да кажам, затрупан со ѓубре и со смет. Ситуацијата е веќе апокалиптична, тоа што го гледаме на терен е неодговорно и буквално за срам. Надлежностите коишто ги има Град Скопје, очигледно, гледаме дека не ги извршува“, вели Драгана Бојковска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Бојковска се осврна на алармантната состојба со отпадот во Скопје, чија надлежност е на Град Скопје и нагласи дека извршен е инспекциски надзор и итна истрага за ЈП Комунална хигиена.

„Веќе видовме во текот на вчерашниот ден дека се пуштени инспекции во однос на надлежностите коишто ги има Комуналната хигиена во Скопје, за да се провери дали е сторено евентуално кривично дело по однос на несобирањето на сметот и бидејќи е онака каква што е ситуацијата сега, а граѓаните приотоа плаќаат на ЈП во градот Скопје за собирање на сметот и одржување на истото, гледаме дека не добиваат поврат на услуга за она коешто го плаќаат“, децидна е Бојковска и додаде:

„Многу е важно да се напомене дека одговорни за собирање на сметот во градот Скопје е Град Скопје, односно Комунална хигиена – Скопје, којашто е при градот Скопје. Денес беше итно свикана вонредна седница на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски веќе излезе со конкретни предлози“.