👁️  33

Дербито на денот во Лигата на шампионите не разочара, барем во првото полувреме. За само петнаесет минути трипати се тресеа мрежите на двете страни. Лео Осигард донесе предност за Наполи и го крена „Диего Армандо Марадона“ на нозе, меѓутоа потоа на сцена стапија „кралевите“.

Прво Винициус Жуниор во 27. минута израмни на 1-1, за по него пак да блесне Џуд Белингем. 20-годишната нова ѕвезда на Реал прими топка на околу 40 метри, истрча лесен соло-продор како на полигон, ги „нанижа“ противничките дефанзивци и со многу чувство пласира во мрежата на Мерет за 1-2.

Голот на Белингем против Наполи:



За Белингем ова беше втор погодок во Лигата на шампионите, односно осум во деветте досегашни настапи за Реал Мадрид.