Автобус удри во шест автомобили на автопат во Вирџинија во момент кога сообраќајот се одвивал забавено поради работи на патот, при што загинале пет лица, а 34 се повредени, соопшти денеска полицијата.
Несреќата се случила во насока кон југ во округот Стафорд.
Сите пет лица кои загинале биле во автомобилите што биле удрени од автобусот, а тројца од повредените се во критична состојба, соопшти полицијата.







