👁️  383

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници привеле 11 лица на различни локации низ Скопје поради дрога.

Најпрво во 12.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 15.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.З.(25) и А.Б.(28) двајцата од Скопје, затоа што кај нив билe пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Во 15.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници ги лишиле од слобода Ќ.М.(21) и Б.М.(38) двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Во 16.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 19.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ѓ.Г.(44) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Во 22.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(30) од Скопје, затоа што кај него билe пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

Додека во 22.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Д.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 23.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Г.К.(44) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 00.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок.