👁️  45526

На 05 Септември ќе започне аплицирањето за доделување на термини за Германска работна виза – општи работници. Тој ден ќе биде отворен делот за аплицирање за општи работници – погледнете Тука.

Секој може да аплицира и потребно ви е само пасош со доволна важност. Потребно е уредно да ги пополнете сите полиња кои се бараат од вас. Термините за виза ќе бидат доделени по пат на лотарија и доколку бидете извлечени ќе добиете е- маил за потврда на термин до крајот на Септември. Штом добиете термин потребно ви е работен договор кој што можете во договор со агенцијата КОНТЕКСТ да го добиете заедно со сите останати документи кои ви се потребни. Повеќе детaли за постапката погледнете на веб страницата од агенцијата КОНТЕКСТ.

Доколку веќе имате:

  • термин за виза,
  • или веќе имате виза и сте во Германија но сакате да промените работно место
  • или пак поседувате Европски пасош, контактирајте ја Г-ѓа Божиновска Александра задолжена за долготрајно вработување на Е- маилот: vrabotuvanje@kontext.mk

Исто така имате можност доколку сте студент преку летниот распуст три месеци да работите во Германија за тоа не ви е потребна виза!

Договор за работа и одобрение добивате преку ZAB за кое исто така ќе се погрижи и ќе ви помогне Контекст при целата процедура како и за сместување во актуелни германски Градови, повеќе за програмата може да погледнете Тука.