Американскиот актер и активист Дени Гловер, најпознат по улогата на харизматичниот полицаец во серијата „Смртоносно оружје“, откри дека боледува од Алцхајмерова болест. Овој 80-годишен актер четири пати е номиниран за наградата Еми.
– Пред три години ми беше дијагностицирана прогресивната болест која ја уништува меморијата, изјавил Гловер за списанието Пипл. Сè уште не можам да го прифатам тоа. Има моменти на кои сè уште се сеќавам, што ми потврдува дека можам да памтам, и има спомени што никогаш нема да ги заборавам, искрено додал тој.
Според направената статистика, повеќе од шест милиони луѓе во САД, како и уште милиони ширум светот, боледуваат од Алцхајмерова болест, која претставува најраспространета форма на деменција.
Гловер е добитник на почесен Оскар во 2022 година. Добивал признанија од Националната асоцијација за унапредување на обоените луѓе (НААЦП) и од телевизијата Блек Ентертејнмент, а бил номиниран и за наградите на Здружението на филмски актери (Скрин екторс гилд).
Од 1998 до 2004 година, Гловер, исто така, бил и амбасадор на добра волја на програмата за развој на Обединетите нации








