Але – Дар од Кочани со реакција на поднесената кривична пријава од МВР

Трговско друштво за вработување на инвалидни лица – заштитно лице за производство, трговија и услуги Але – Дар Дооел од Кочани се огласи со соопштение откако Министерството за внатрешни работи против правното лице и одговорното лице А.А. (34) поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

-Во врска со објавените информации од страна на Министерството за внатрешни работи, а пренесени во јавноста, поврзани со наводи за „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, укажуваме дека изнесените тврдења се нецелосни и не ја одразуваат реалната фактичка состојба, со што се создава погрешна слика во јавноста.

Особено нагласуваме дека делот кој се прикажува како наводна „нова бесправна градба“ не претставува новоизграден објект, туку станува збор за постоечки објект кој постои со години и кој е предмет на реконструкција и уредување.

Во конкретниот случај се работи за:
* уредување на постоечки простор
* адаптација и функционално прилагодување
* поставување на настрешница/застаклена тераса со лесна конструкција и подвижни елементи
– без изградба на нови носиви конструктивни елементи и без создавање на нов објект во смисла на класична градба.

За кое нешто самиот градежен инспектор Љ.С. извршил увид на лице место и не дал никаква забрана за работа односно во моментот на реконструкцијата утврдил дека сетоа она што се работи е согласно закон и за кое нешто не е потребно одобрение за градење, а подоцна истиот и записнички при поставување на фотоволтаици констатирал и утврдил дека нема неправилности.

Дополнително, објектот е долгогодишно во употреба и во повеќе наврати бил предмет на разни контроли од надлежни институции.

Сметаме дека ваквото прикажување на состојбата не ги опфаќа релевантните факти и доведува до погрешни заклучоци.


Постапката е во тек и истата ќе се утврди во рамки на надлежните институции, при што ние целосно соработуваме, а сме сигурни и ќе докажеме пред надлежните органи дека се работи исклучиво на тоа да се оцрни нашето ДВАЕСЕТ ГОДИШНО работење за кое сме сигурни дека работиме исклучиво по закон и никако на друг начин.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НАШИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ

ALE-DAR Premium Hotel & Restaurant продолжува со редовно работење без прекин, како и досега.
Сите услуги се одвиваат нормално и професионално, со ист квалитет и посветеност кон нашите гости.

АПЕЛ
Апелираме до медиумите и јавноста:

-да се воздржат од изведување заклучоци врз основа на нецелосни информации
-да се почитува принципот на презумпција на невиност

Секое понатамошно неточно и тенденциозно информирање ќе биде соодветно правно адресирано, стои во објавата.