За голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас, интерес покажува Ал-Хилал.

Триесет и шестгодишниот Костариканец минатата сезона ја мина на позајмица во англискиот клуб Нотингем Форест.

Во парискиот клуб Навас сега е со статус на трет голман – по Џанлуиџи Донарума и Арнау Тенас.


Навас има уште една година од договорот со ПСЖ. Претходно беше објавено дека клубот е заинтересиран да го продаде, како и другите позајмени играчи.

Ал-Хилал веќе го купи Нејмар од Пари Сен-Жермен ова лето и е заинтересиран за уште еден фудбалер на парижаните, Марко Верати.  (МИА)