👁️  103

Претседателот на ДУИ Али Ахмети порачува дека прашањето за уставните измени бара сериозен пристап и повикува да се внесат Бугарите во Уставот со цел продолжување на евроинтеграцискиот процес.

-Уставните измени се сериозно прашање. Има сериозни разлики со опозицијата. Ова прашање бара сериозен пристап. Се работи за иднината на државата. Видете, уставните измени се историска можност за Македонците, ако се вистински патриоти ќе гласаат ЗА. Ова го имам кажано на сите политички партии, вели Ахмети во интервју за ТВ21.

Како што пренесува телевизијата во објава на делови од интервјуто, што ќе биде објавено вечер, Ахмети додава дека „на состанок пред неколку години, каде бил присутен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им кажал за острата реторика на националистичките партии во Бугарија“.

-Јас сум бил на неколку средби во Софија, националистичките партии ми велеа – „всичко Блгари, нема македонски народ“, и да ви кажам искрено оваа нивна реторика ме вознемири, и ова бараше сериозно да се следи и анализира. Ова им го кажав на меѓународните претставници дека националистиките партии во Бугарија имаат остра реторика и тоа е сериозен проблем кој може во идинина да ни направи уште поголем проблем. Еве го проблемот денес. Затоа, да ги внесеме Бугарите во уставот. Тоа е за доброто на државата. Да одиме напред и да не се враќаме назад. Ни бегаат луѓето надвор од државата, бегаат Македонци, Албанци, сите бегаат затоа што не гледаат иднина. Со зачленувањето во ЕУ, се отвора преспектива, вели Ахмети.