Контекст како договорен партнер на Аеродромот Франкфурт ви нуди долгорочно вработување на следните позиции:
- Flugzeugabfertiger – ракувач со воздушен товар
Вашите задачи:
- Ракување, утовар и истовар на товар од авиони
- (неколку операции и задачи по смена), обработка на багаж.
- Врзување и обезбедување на товар
- Ракување со опасни материи (DGR)
- Возење и управување со уреди и возила за
- утовар (истовар) на товар
- Примање и обезбедување на авиони
- Ракување со багаж
- Комуникација и соработка со колегите на работното место.
- Плата од 12.46 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник
125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%. - Германски А2 ниво
- Gepäckabfertiger (ракувач со багаж)
Вашите задачи:
- Обработка и утовар на багаж од багажната банда.
- Растовар и утовар на багаж од контејнери и приколки
- Кодирање на багажот
- Сортирање на багажот
- Плата од 12.46 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник
125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%. - Германски А2 ниво
- Ramp-Agent
Вашите задачи:
- Следење и координација на работните процеси на воздухопловот имајќи ги предвид
безбедносните прописи - Спроведување на стартување и туркање – назад (одење – надвор – помош)
- Обезбедување и прием на потребните документи за летот
- Проверка и по потреба корекција на документите за влез и заминување
- Подготовка и следење на заминувања и спроведување на придружните
административни задачи - Германски А2-Б1 и англиски: најмалку Б2 ниво
- Возачка дозвола е потребна од самиот почеток
- Плата од 14.37 евра по час, работа во недела плус 50%, работа за време на празник
125%, ноќна работа 25% и прекувремена работа 25%.
Профил на кандидатот:
- Познавања по германски јазик како што е наведено во описот на работно место
- Да не сте осудувани – потребно е да се приложи потврда од суд
- Мотивираност и желба за учење и надградување
- Подготвеност за работа во смени
- Физичка издржливост
- Здравствена адекватност
- Возачка дозвола Б-категорија
Што нудиме: - Полно работно време мин. 155 часа
- Месечен план на смени
- Можност за напредување, развој и понатамошна кариера
- RMV месечен билет (работна карта)
- Бесплатен паркинг
- Попуст на гориво на интерна бензинска пумпа наменета само за вработените
- Кантина
- Фитнес студио
- Попусти за патување
- Работна и службена облека
- Документи за виза
- Обезбедено бесплатно сместување во првите 6 месеци (сместувањето го плаќа
работодавачот, кандидатот има трошок во вид на данок од 100 евра месечно.
СМестувањето е на пример 550 евра по кандидат, тоа ќе го плати работодавачот, ДДВ
на овој трошок си го плаќа кандидатот). - Доколку кандидатот се пресели во Франкфурт (од место кое е одалечено од Франкфурт
od 100 км и повеќе – се мисли и на тие што ќе се доселат од Македонија, FraGround ќе
понуди на кандидатот пакет за добредојде: - Бесплатно сместување за првите 6 месеци (се оданочува само паричната помош)
- Бонус за преселба од 1.000 евра нето (плаќање на 4 рати во текот на првиот месец од
вработувањето) - Транспортни трошоци до 300 € нето
- Доколку е потребно, преземање на трошоците за превод
- Посредувањето е бесплатно, кандидатите имаат само трошок за вадење на своите
лични документи пред нашите институции и превод на истите.
За подетални информации, обратете ни се на: vrabotuvanje@kontext.mk или на телефон: +38978274420“








