Тони Крос со еден збор кажа што мисли за трансферот на големиот шпански талент во Саудиска Арабија (ФОТО)

Талентираниот Габри Веига реши со 21 година да се пресели во Саудиска Арабија наместо да направи трансфер во голем европски клуб, Тони Крос смета дека ваквиот потег е срамен.

Габри Веига важи за еден од најталентираните шпански фудбалери и со своите добри игри го привлече вниманието на многу гиганти како Барса, Реал, Манчестер Сити, Челси и Ливерпул.

Наполи сепак беше тој кој најсериозно загриза за услугите на 21 годишното момче и клубот на нашиот Елиф Елмас беше многу блиску до негов ангажман.

Сепак, во последен момент се сменија работите, Габри Веига доби богата понуда од Саудиска Арабија и реши да се пресели во Ал Ахли.


Тони Крос кажа што мисли за оваа зделка и во постот со кој новинарот Фабрицио Романо го најави трансферот, ѕвездата на Реал Мадрид напиша: „Срамно“.

🚨 Toni Kroos’ comment under @FabrizioRomano‘s ‘HERE WE GO’ instagram post for Gabri Veiga’s move to Al-Alhi. 🇸🇦❌ pic.twitter.com/jitVvMK0Rn

— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 24, 2023

Саудиска Арабија ова лето се расфрла со пари, и разбриливо е кога фудбалерите кои се ближат до залезот на кариерата решаваат да ја заменат Европа со Арапскиот Полуостров, но несфатливо е кога млад перспективен фудбалер се решава на еден ваков чекор, и најубавите години ќе ги помине во првенство кое е далеку од најдобрите и покрај тоа што секој ден пристигнуваат квалитетни играчи.