Авион се урнал среде автопат во Малезија, најмалку десет мртви

Најмалку 10 лица загинале откако чартер авион се урнал на автопат северно од Куала Лумпур.

Малиот авион се урнал во малезиската држава Селангор, а во него се наоѓале шест лица и двајца членови на екипажот, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Малезија.

Авионот полетал од меѓународниот аеродром Лангкави и се упатил кон аеродромот Султан Абдул Азиз Шах, соопшти малезиската управа за цивилно воздухопловство.


„Првиот контакт на авионот со кулата за контрола на летање Субанг беше во 14:47 часот по локално време, а дозволата за слетување беше дадена во 14:48 часот“, се вели во соопштението. Во 14 часот и 51 минути по локално време „контролната кула забележала чад што доаѓа од местото на несреќата, но авионот не повикал помош“, се додава во соопштението.

Како што се наведува, акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Авионот Beechcraft Model 390 се урнал во близина на градот Елмин по полетувањето од островското одморалиште Лангкави, на пат кон главниот град Селангор, Шах Алам.