Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче. Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата.
Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог.







