На 08.07.2026 во 12:50 часот во село Калуѓерица, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода Л.М. (73) од истото село.
Според пријавеното, тој претходно запалил оган на нива, во сопственост на неговиот брат, кој се проширил и зафатил сува трева, дел од игралиште, нива засадена со луцерка, во сопственост на Ѓ.А., засадени дрва ореви, во сопственост на И.Ј. мал дел од сушара за тутун, во сопственост на П.В., а постоела опасност пожарот да се прошири и да ги зафати и околните куќи.
Повредени лица нема.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.







