Според анкетата на Францускиот институт за јавно мислење (ИФОП), лидерката на ултрадесничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен е фаворит за претседател на Франција.
Апелацискиот суд пред два дена ја потврди пресудата за Ле Пен за проневера на пари од Европскиот парламент. Судот, претходно, ја ублажи воведената забрана за јавна функција, а Ле Пен вчера ја почна кампањата за претседателските избори во Франција, што треба да се одржат во 2027 година.
Според анкетата на Францускиот институт за јавно мислење (ИФОП), Ле Пен во првиот круг од претседателските избори би добила 36 проценти од гласовите, за центристот Едуар Филип би гласале 19 отсто, а радикалниот левичар Жан-Лик Меланшон ќе биде трет со 15 проценти.
Според резултатите Ле Пен би победила во вториот круг од претседателските избори со 51 до 54 отсто од гласовите, додека Филип би освоил од 46 до 49 проценти.
Ле Пен е осудена за злоупотреба на пари наменети за асистенти на членовите на Европскиот парламент, кои, според пресудата, биле користени за финансирање на вработените во нејзината партија Национален собир. Таа ги негира обвинувањата.
Ле Пен (57) досега трипати се кандидираше за претседателка на Франција. (МИА)








