За утре се најавува пороен дожд, потоа следува затоплување на времето

Времето утре, 7 јули, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Температурите ќе бидат во интервал од 9 до 36 степени.

Потоа следува период на топло и стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст.