На 05.07.2026 во 20:35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги приведоа С.С.(25) и С.П.(53), двајцата од Велес, затоа што на улица „Благој Ѓорев“ во Велес го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.С. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,18 промили алкохол во крвта.
Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.






