Пожар на плац во Битола: Оштетени товарни возила, опожарена бандера со електрична инсталација

На 06.07.2026 во 03:40 часот во СВР Битола е пријавено дека на плац на  ул.„Довлеџик”во Битола, сопственост на правно лице, настанал пожар, при што оштетени се две  товарно возило  „фиат“ и „ивеко”, двете со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.С. од Битола.

Од огнот опожарена била и бандера со електрична инсталација.

Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.