На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник која на самиот почеток истакна дека Изборниот законик претставува едно од клучните прашања за остварување на демократските права на граѓаните, особено на избирачкото право, при што посочи дека посебно внимание треба да се посвети на дијаспората и на олеснување на нејзиното гласање преку современи и достапни модели, какви што веќе се применуваат во голем број европски држави.
„Самиот Изборен законик е толку важен што претставува остварување на најможното демократско право, тоа е избирачкото право и нашата црвена линија во рамките на предлог Изборниот законик е токму дијаспората да има подостапно гласање, бидејќи нелогично е некој за да си го оствари најдемократското право да патува и по десет часови со авион за да може да го оствари истото право. Ние не измислуваме топла вода, веќе вакви пракси на електронско гласање постојат во многу земји, 16 од 27 земји членки на Европската Унија веќе користат модел по пошта. Ние предложивме модел во којшто електронското гласање најнапред би се ставило како понуда, но дојдовме до неприфаќање од страна на СДС“, рече Бојковска и додаде:
„Оваа реакција на кочење на реформскиот закон, Изборниот законик, доаѓа во момент кога токму од Европската комисија имаме сигнал дека сме позитивно оценети во спроведување на реформите, добиваме пари согласно Реформската агенда и имаме дополнителна најава дека кон Македонија ќе се насочат дополнителни средства согласно Реформската агенда бидејќи имаме навистина голема успешност“.
Бојковска истакна дека реформската агенда има клучна улога во европскиот интегративен процес на државата, нагласувајќи дека се очекуваат значајни финансиски средства во наредниот период, како и дека актуелните економски показатели укажуваат на подобри резултати во споредба со претходните години.
„Реформската агенда е онаа којашто бележи особен успех во нашиот интегративен пат, 100 милиони евра се сума којашто ја очекуваме оптимистички да дојде со наредното финансирање коешто треба да се случи. СДС само зборува за Европската Унија без да поддржи никаква реформи, во делот на економијата најмалку имаат право да зборуваат бидејќи 7 години просечен раст од 1,8% не се квалификува како успех, наспроти сега од 3,5% седум квартали по ред“, децидна е Бојковска.








