Тонали во Тотенхем за 100 милиони фунти

Италијанскиот фудбалер од средниот ред Сандро Тонали ги напушти редовите на премиерлигашот Њукасл и му се приклучи денеска на лондонски Тотенхем, јавија англиските медиуми.

Според истите извори, вкупната вредност на трансферот ќе достигне 100 милиони фунти. Од оваа сума, Тотенхем му исплатил на Њукасл 92,5 милиони фунти, а остатокот ќе биде платен во бонуси.

Станува збор за втора највисока сума која Њукасл ја инкасирал од продажба на свој фудбалер, откако го продаде Александар Исак на Ливерпул за 125 милиони фунти минатиот септември.


Дваесетишестгодишниот Тонали му се приклучи на Њукасл во 2023 година, освојувајќи го трофејот во Лига Купот во 2025 година, а потоа го продолжи договорот до 2029.

„Многу сум среќен што доаѓам во Тотенхем. Кога пристигнав денеска во клубот, чувството беше фантастично. Се зборуваше дека четири или пет клубови сакаат да ме ангажираат, но за мене имаше само еден“, рече Тонали.

Италијанскиот репрезентативец е второто летно засилување на Тотенхем, кој претходно го засили својот среден ред со Матеус Фернандес од Вест Хем. (МИА)