Кадетската кошаркарска селекција убедливо поразена од Франција

Кадетската копаркарска репрезентација на Македонија, денеска доживеа пораз на втората средба на Европското првенство А дивизија кое се игра во Скопје. Кадетите по победата над Белгија вчера, денеска доживеаја вистински дебакл од Франција со 113-56.

Со по 16 поени се истакнаа Акрам Наји и Јонас Булефа во Франција, а исто толку уфрли и Доријан Ивановски.