Ангелов: Пожарите во Штип и Пробиштип се изгаснати, се истражува дали се подметнати

Се утврдува што точно го предизвикало пожарот на тврдината Исар во Штип, а се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, каде има сомнеж дека е подметнат, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, првичните индиции за пожарот во Штип се дека станува збор за чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери.

-Се работи на прецизирање на причинителите, но како и да е ја користам приликава да упатам апел до сите граѓани да бидат внимателни и никаде никогаш да во текот на летото да не палат оган на отворен простор. Палењето оган од било кој мотив, дали да се зачисти доврот, понатаму земјоделците да ги зачистат своите стрништа, сточарите да ги исчистат своите пасишта некои да напарави скара или друг мотив, може да предизивка пожар со катастрофлани последици, како што на пример е пожарот на Исарот. Иако не е нанесена голема штета, сепак го унакази овој карактеристичен рид кој што се наога веднаш до градот, рече Ангелов.


Ангелов упати и апел и до граѓаните – доколку забележат разлабавени жици помеѓу бандери или далекуводи, тоа да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 112.

-Aпелирам до граѓаните кои што имаат викендици или стари куќи или полунапуштени во нашите преубави македонски села, кои што некои се од разбиен тип, да ги зачистат своите дворови и на тој начин многу ке ни помогнат, бидејки не знаеме кога и како ќе избие следниот пожар. При избивањето во места надвор од градовите, во близина на селата, постои голема можност огнот да дојде до овие полунапуштени села, кои што немаат жители или има по неколку возрасни лица. Доколку граѓаните ги исчистат своите дворови и ја искосат трева, рече Ангелов.