Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд.
-Денеска, Армијата направи приказ на тактичко-технички средства и опрема донирани одЕУ преку Европскиот мировен фонд (ЕМФ). Со 38 милиони евра поддршка од ЕМФ (2023–2025), ЕУ ја зајакнува подготвеноста на Армијата и безбедноста на Македонија, објавија од делегацијата на ЕУ во Македонија.
Министерот Владо Мисајловски истакна дека ова е првиот пакет на опрема што пристигна.
Премиерот Христијан Мицкоски упати благодарност до Европската Унија за донацијата на новата воена опрема, истакнувајќи дека таа претставува признание за професионалноста и посветеноста на македонската Армија како рамноправна членка на НАТО Алијансата.








