ФОТО: Се омажи „најубавото девојче во светот“, Тилан блесна во елегантна венчаница

Тилан Блондо, француската убавица која дури двапати беше прогласена за „најубавото девојче во светот“, го кажа судбоносното „да“ само три месеци по веста за свршувачката.

25-годишната манекенка се омажи за партнерот Бен Атал (29) на граѓанска церемонија одржана во 16-тиот арондисман во Париз во понеделник, објавува NY Post.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thylane-Lena rose (@thylaneblondeau)

„Љубов“, напиша Блондо во описот на приказната на Инстаграм за неа и Атал, француски актер и диџеј, како разменуваат нежни погледи додека ги рецитираат своите брачни завети.

Тилан го комплетираше својот беспрекорен изглед со елегантна и дискретна шминка, а носеше уникатна венчаница од модната куќа Eva Bouskila Bridal. Фустанот, целосно бел и долг до подот, беше комплетиран со елегантна кратка наметка преку рамената.

Таа го комплетираше луксузниот изглед со пунџа украсена со ситни бели цветови, додека одеше кон олтарот држејќи букет кремасти кала лилјани.

На само шест години, Блондо, ќерка на поранешниот фудбалер Патрик Блондо, стана светски позната откако списанието Vogue Enfants ја прогласи за „најубавото девојче на светот“ во 2006 година. Ова престижно признание дојде кратко откако таа носеше модна ревија на Жан Пол Готје на само четиригодишна возраст.

До десетгодишна возраст, таа стана најмладиот модел што некогаш позирал за Vogue Paris.