Хакими ја откри тајната на успехот против Холандија: „Покажавме голема ментална сила“

Ашраф Хакими не го криеше задоволството по пласманот на Мароко во осминафиналето на Светското првенство, истакнувајќи дека токму менталната сила била клучот за успехот против Холандија.

Мароканците во шеснаесетфиналето ја елиминираа Холандија по изведувањето пенали. По 90 минути и продолженија резултатот беше 1:1, а потоа Мароко беше посигурен од белата точка и славеше со вкупни 4:3.

Капитенот на африканската репрезентација призна дека натпреварот бил исклучително тежок и исцрпувачки, но нагласи дека е горд на начинот на кој неговите соиграчи одговориле на предизвикот.


„Успеавме. Не беше лесно. Во моментов сум многу уморен, но сум исклучително горд на екипата. Знаевме каков натпревар нè очекува и против кого играме. Пред неколку дена рековме дека мора да останеме фокусирани и да бидеме силни, физички, но и ментално, бидејќи не знаевме колку ќе трае натпреварот. Покажавме голема ментална сила и успеавме да се вратиме“, изјави Хакими.

Мароко следниот предизвик ќе го има на 4 јули во Хјустон, каде што во осминафиналето на Светското првенство ќе се соочи со Канада.