Енцо Мареска е новиот менаџер на Манчестер Сити!

Манчестер Сити стави крај на шпекулациите и официјално го потврди именувањето на Енцо Мареска за нов менаџер на првиот тим.

Италијанскиот стратег потпиша тригодишен договор со кој се обврза да остане на „Етихад“ до летото 2029 година.

Мареска e  подготвен да ја започне новата ера со Манчестер Сити.


„Манчестер Сити е клуб кој одлично го познавам и да се има шанса да се води овој тим е брилијантна можност за мене. Сити е неверојатно добро воден фудбалски клуб.

Сè што прават е иновативно, планирано и со цел. За еден менаџер, тоа е ситуација од соништата, бидејќи ја обезбедува конзистентноста која ми е потребна за ефективно да си ја вршам работата“, изјави Мареска.