Осумгодишно дете и двајца возрасни Палестинци убиени при израелски напад врз Појасот Газа

Во денешниот израелски воздушен напад врз квартот Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа загинаа тројца Палестинци, од кои едно е дете.

Во нападот погоден е шатор, каде се сместени раселени луѓе, а израелската армија тврди дека во бегалскиот камп се наоѓал Захер Абу Салем, за кого тврди дека бил припадник на Исламски џихад и бил вклучен во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната.


Болницата „Мачениците на Ал Акса“ соопшти дека во нападот загинале осумгодишно дете и двајца мажи, а уште еден човек е повреден.