Ориги официјално ја заврши својата кариера

Членот на фудбалската репрезентацијата на Белгија Дивок Ориги на само 31. година ја заврши својата кариера.

Некогашниот напаѓач на Ливерпул и стрелец на неколку клучни голови во годините на големите успеси на овој тим преку социјалните мрежи и официјално стави крај на фудбалската кариера.


„Благодарам до сите мои обожаватели ширум светот, кои што ми помогнаа да станам она што сум. Секој легендарен момент, секој гол, секој момент на сјај го споделивме заедно. Благодарност до сите клубови, тренери, соиграчи кои беа со мене сите овие години. Ми беше чест да го носам и дресот на мојата Белгија, и во исто време да не ги заборавам корените на мојата Кенија“ – напиша Ориги.