МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА:Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик, соопштува Министерството за правда.

– На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што членовите на Работната група водеа интензивна и конструктивна расправа за повеќе прашања кои директно влијаат врз транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес – стои во соопштението од министерството.

Оттаму дополнуваат дека процесот се одвива во духот на дијалог, професионалност и заедничка одговорност за унапредување на демократските стандарди во државата.

Следната седница  е закажана на 12 јуни по што законските измени ќе се  финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура.