Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компании за реализација на капиталните инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево се сретна со претставници на стопански комори и на градежни компании за реализација на капитални проекти.


-По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата, пишува Мицкоски на својот Фејсбук профил.