Приведен скопјанец кој го нападнал својот 66-годишен татко

На 04.06.2026 во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.С.(30) од Скопје по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 66-годишен татко.


По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.