Мерц: ЕУ ќе почне постепен процес на интеграција на Западен Балкан

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европска Унија планира да почне постепен процес за вклучување на земјите од Западен Балкан во ЕУ и да испрати сигнал дека се посакувани како полноправни членки.

– Јасната порака од денешниот состанок е и ќе остане: Ве сакаме. И сакаме овој регион и земјите во него наскоро да станат членки на ЕУ, истакна Мерц по Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

Германија и Франција вчера претставија нова иницијатива за забрзување на процесот на пристапување во ЕУ за земјите од Западен Балкан и Молдавија, нудејќи поголеми придобивки од интеграцијата пред полноправно членство, вклучително и привилегиран пристап до европскиот единствен пазар и можност за испраќање набљудувачи во институциите на ЕУ. (МИА)