РАМА ЗА ВЛЕЗОТ НА АЛБАНИЈА ВО ЕУ: Постојат три работи што не можат да се предвидат – Бог, сексот и Европската Унија

Премиерот на Албанија, Еди Рама духовито одговори на новинарско прашање за тоа кога неговата земја ќе влезе во Европска Унија. На прашањето на новинарите кога Албанија ќе се приклучи кон ЕУ, тој одговори:

– Постојат три работи што не можат да се предвидат: Бог, сексот и Европската Унија!


Изјава на Рама привлече внимание во јавноста и медиумите, и беше протолкувана како духовит и саркастичен коментар за непредвидливоста на процедурите низ кои поминуваат кандидатките за членство во Унијата.

Албанија доби статус на земја-кандидат во 2014 година, формалните пристапни преговори со ЕУ започнаа во 2022 година, Но и покрај одреден напредок во евроинтегративниот процес, засега не постои конкретен датум за нејзиното приклучување кон Унијата.